Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, информираат од Министерството.
Соговорниците го поздравиле досегашниот развој на билатералните односи и разговарале за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка.
-Особен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од зголемување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности, се вели во соопштението од МНРНТ.
Воедно, тие размениле мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Тетово, следува соодветна пријава
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес