Му се смееја за изгледот, но кога откри од што боледува не кажаа ни збор - популарниот актер откри со што се соочува
Фановите на серијата „Чудни работи“ (Stranger Things) сигурно се сеќаваат на првата епизода во која Дастин, актерот Гејтен Матарацо, се обидува да им објаснвуа на насилниците зошто нема предни заби: „Милион пати сум ви рекол, моите заби растат во спротивна насока“.
Младиот актер откри дека боледува од ретко нарушување кое се означува како CLCD или Cleidocranial дисплазија.
Цедокраниал дисплазија е состојба која влијае на коские, забите, черепот и ребрата, но и на неразвиеност на рамениот дел. Во прашање е редок синдром кој може да се лекува, но не постои лек и трајно решение.
Гејтен Матарацо во интервју непосредно пред промоцијата на третата сезона на серијата "Stranger Things" изјави дека не добивал улоги поради усните, забите и висината.
„Кога бев на аудицијата за серијата им реков на режисерите дека немам развиен раменски дел поради синдромот од кој боледувам. Кога ја добив улогата ме прашаа дали е во ред другите деца во серијата да се шегуваат поради мојот изглед. Реков дека тоа е многу кул зошто е реално и е вистина, и тоа ми се случувало“, рече Гејтен.
Гејтен по повод својот синдром рече: „Ете, сите мислеа дека сум некое симпатично штрбаво дете, а всушност имам здравствен проблем. Иако мојот проблем не би требало да ме дефинира“.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип