Mу се смеат а тој заработува сериозни пари на интернет: Го бараат и болните - знаат каков производ има!

Сточарот Милинко Василјевиќ од Горна Трнава во близина на Топола, голем дел од своите свињи мангулици ги продал преку интернет. Онлајн продадените свињи стигнале до Белград, Ниш и Нови Сад. Сепак поради слабата продажба во Шумадија, Милинко за две третини го намалил бројот на свињи пишува телеграф.рс.
- Да не се моите синови кои знаат каде да огласат, јас би пропаднал со мангулиците. Некој да ми кажеше дека полу-диви свињи ќе се продаваат преку интернет, ќе му се насмеев иронично во лице. Сепак, се покажа дека во Белград но и во Ниш и Нови Сад повеќе ги ценат мангулиците отколку во Шумадија.
- Овие нашите доаѓаат и ми кажуваат дека свињите слабо напредуваат, дека се ситни, а јас не можам да им објаснам дека мангулицата не дебелее, дека јаде многу овошје, зеленчук и трева. И тогаш излегува сите свињи да ги продадеме онлајн - вели Милинко.
Сепак онлајн продажбата на свињите не е толку голема за Василјевиќ и понатаму да чува 120 свињи од избрани сорти, па бројот го намалил на само 30 доволни за продажба преку интернет и купувачи од Шумадија.

- Дома ми доаѓаат само искусни кои знаат дека мангулицата има помалку холестерол од пилешкото, кои знаат дека месото е повкусно и поздраво, маста се користи за лек на бронхитис и астма. Сепак тоа не е доволно за и понатаму да ги чувам. Ќе оставам за себе и малку за купувачите од интернетот.
Онлајн мангулиците моментално чинат 1.5 до 3 евра за килограм жива мера. Маста од мангулиците чини 600 до 900 динари по килограм.
Ново на Сител
-

Од кандидат за градоначалник до поранешен судија: Пет имиња во трка за член на Судскиот совет
-

Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан
-

Дополнителни 186 милиони евра и нов рок за автопатот Кичево–Охрид
-

Струга веќе трета недела без питка вода за пиење
-

Грипот стивнува, но респираторниот синцицијален вирус периодов ги полни педијатриските амбуланти
-

Во Струмица одбележани 22 години од смртта на Трајковски
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
