Македонија
2. April 2018 - 14:34

Му се слошило додека шетал по кеј, па паднал во Вардар

46-годишниот М.Н. од Гостивар завршил во болница откако шетајќи се по кејот му се слошило и паднал во Вардар. Тој бил извлечен од случајни минувачи.

По укажаната лекарска помош, М.Н. бил пуштен на домашно лекување.

МВР посочува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.