Балкан
23. March 2016 - 23:45

Му се посреќи: Еве што му купи сопругата, сите да го знаат

Жените сакаат да зборат дека нивните мажи се големи деца и дека единствено што се менува со годините е цената на играчките со кои сакаат да си играат.

Секако тоа е шега, но и во секоја шега има малку вистина.

Всушност тоа го докажува и фотографијата која е снимена на загрепските улици. Сопственик на автомобил, очигледно воодушевен од својата нова омилена „играчка“ на четири тркала па се пофали јавно и така и заблагодари и на својата сопруга за подарокот.

Имено, тој на задното стакло од својот нов автомобил ставил налепница и на сите им се пофали колку го сака неговата сопруга. Секако тоа го привлече вниманието на останатите возачи, а еден од нив го снимил ова додека стоеле на семафор.