-->
-->
Му рекле имаш уште половина час живот, во мозокот имаш живо суштество
-->
Луис Ортиз од Калифорнија доживеал шок кога лекарите му рекле дека има уште половина час живот откако откриле тенија во неговиот мозок.
Ортиз отишол во болницата по како што вели, ужасна главоболка. Снимката на главата открила како болката ја предизвикува тенија која живее во неговиот мозок.
Лекарите му кажале дека треба итно да се оперира доколку сака да преживее.
Неурохирургот кој го оперирал, др. Сорен Сингел, вели дека Ортиз треба да е најсреќниот човек на светот, навремено отишол во болница, а секоја минута подоцна би значела смрт.
Хирурзите го успале, а тогаш со помош на камерите откриле тенија во неговиот мозок.
Овој паразиц формирал циста која го блокирала протокот на водата во мозокот, па секоја идна минута би била фатална.
- Лекарите извадија чудо и рекоа дека се движело, кои се шансите да имате паразит во главата? - кажал шокираниот Ортиз.
Сепак, неурохирургот Сингел тврди дека паразитите во човечкото тело не се невообичаени, и дека често влегуваат во телото по јадење на инфицирана свиња, говедо или риба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица