Му раскинала, но тој не можел да се помири со тоа - скопјанка доживува пекол од свото поранешно момче
Вчера во 12:30 часот, Л.Е. (41) од Скопје пријавила дека лицето З.П. (32) од Скопје ја уценувал со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал. Според пријавата Л.Е. три години била во љубовна врска со З.П. и во мај годинава кога одлучила да ја прекине врската, тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели. По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, во мај годинава, според пријавителката, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото. Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата