Му го украдоа автомобилот за помалку од минута и тоа без клуч: Газдата ништо не виде ниту слушна, од камерите сфати како го направија тоа

Џејсон Ланг од Манчестер мирно спиел кога крадци во рок од една минута му го украле автомобилот.
Ништо не видел, ниту слушна, а кога тргнал за на работа, го видел паркингот празен.
„Помислив дека може колата сум ја паркирал на работа, па малку се помислив, и сфатив дека со неа се вратив дома„, вели 49-годипниот трговец со недвижности.
Кога ги погледал снимките од надзорните камери имал што да види.
Крадците користел техника на релеј - кај автомобилот со електронско отклучување и палење, и тие со помош на едноставна направа која може да се набави на интеренет го појачуваат сигналот на клучот и ја отклучуваат вратата.
После тоа само треба да го притиснат копчето за палење. Еден од крадците стоел покрај тојотата вредна 30.000 фунти со предавател, додека друг мавтал со појачало во близина на куќата. Кога го отклучиле возилото, едноставно си заминале со него.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
