МТСП: Воведуваме траен надоместок за невработен родител кој се грижел за дете со попреченост
Со социјалната реформа се унапредуваат правата на лицата со попречености, но и на семејствата кои се грижат за нив. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата, но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попрченост и нивната вклученост во општеството, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, посочуваат од Министерството, како поддршка веќе имаат зголемен износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15 отсто.
Воведуваме и траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26- годишна возраст без да го смести во институција. Право на овој надоместок ќе имаат родителите кои се невработени и не користат право на пензија. Надоместокот ќе може да го користат, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж. Со новиот закон ја развиваме и услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, информираат од Министерството.
Користењето на правото за попреченост, со новиот закон, како што наведуваат, се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50 отсто од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.
Активно продолжува и процесот на деинституционализација. Владата лани ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10-годишна реформа на системот за социјална заштита. Ова е доказ дека оваа Влада работи на унапредување на правата на лицата со попреченост и во целост ги има предвид одредбите на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги што во минатото не постоеле, стои во соопштението од Министерството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено