МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за четврти мерен период за учебната година 2022/2023 година
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година. Со оваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава.
-Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Исплатата на додатокот за образование, појаснуваат од МТСП, се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.
Ново на Сител
-
Бугарија мора да одговори до 16.12 кога ќе го смени Уставот за да ги признае Македонците
-
Тема на денот со Тони Менкиновски, правен застапник на Македонците од Бугарија
-
РЕХАУ Македонија прослави 25 години успешно работење, отворени вратите на новиот салон во Илинден
-
Уставен го укина застарувањето на долгови, ќе се извршуваат и после 10 години
-
Над 120 инспектори на терен проверуваат дали се почитува одлуката за замрзнати маржи
-
Поднесено обвинение против Бесија Иљази - Исплаќала плата на лица кои не биле работно ангажирани на Токсикологија
-
Возачот на заменик министерот за култура приведен - Вербално нападнал полицајци
-
Таравари смирува по заострената реторика во владината коалиција - СДСМ пак, бара одговорност од Гаши за Законот за бранители