МТСП: Во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години
Од Демир Капија денеска заминува и последната група деца со попреченост кои ќе бидат сместени во мал групен дом во Скопје каде ќе добијат 24-часовна поддршка од лични асистенти со специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Со ова, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, во Специјалниот завод „Демир Капија“ веќе нема деца до 18 години.
Честитајќи го 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, Министерството информира и дека претходно од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени две групи деца. Едната е сместена во малиот групен дом во Тимјаник, а другата во Неготино.
-Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да работи на процесот на деинституционализација. Заложбите се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на кој државата се грижи за децата и возрасните на кои им треба долгорочна социјална грижа, стои во соопштението.
Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучено во редовниот образовен процес. До крајот на годината, пак, целосно ќе се трансформира и Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Дел од децата ќе одат во згрижувачки семејства, а дел од нив во четири мали групни домови во Скопје.
-Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија. Наместо досегашните безлични и гломазни установи за колективна грижа, со овој процес се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот, со што се јакнат лицата да го поттикнуваат своето активно учество во средината во која живеат, наведува Министерството.
Ново на Сител
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари