МТСП со раст од 12,4 отсто активна транспарентност за една година
Министерството за труд и социјална политика согласно Индексот за активна транспарентност 2023 година бележи искачување за 12,4 отсто со што, како што се наведува, ја потврдува својата транспарентност и отвореност кон граѓаните.
- Оваа година Министерството за труд и социјална политика има оценка од 95,7 отсто активна транспарентност, што претставува значително зголемување на отвореноста, достапноста на информации за граѓаните за важни прашања односно прашања кои се од нивни интерес. Со ова рангирање Министерството се наоѓа на 15-та позиција од вкупно 98 рангирани институции што е највисок ранг досега, се вели во соопштението од МТСП.
Истражувањето за Индексот на активна транспарентност на институциите, што редовно го спроведува невладиното здружение Центар за граѓански комуникации покажува дека во 2022 година МТСП имало ранг од 83,3 отсто. Претходните две години имало 79,2 отсто, со рангирањето во 2016 година, кога процентот изнесувал 54,8 отсто, Министерството за труд и социјална политика достигнало раст за 40,9 отсто активна транспарентност.
Од МТСП посочуваат дека под активна транспарентност се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, а за добра практика се смета кога една институција информациите ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
- Транспарентноста и отчетноста се темелите врз основа на кои е поставено Министерството за труд и социјална политика. Продолжуваме посветено да работиме во насока на испорака на навремени и точни информации од кои имаат придобивка сите чинители во општеството, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, евакуирани 89 патници
-
Новата изјава на Кешишев која негира дека Палчо ги сторил убиствата нема доказна вредност
-
Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана
-
Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер
-
Два пиштоли и 30 куршуми одземени од 30 годишник од кумановско
-
Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети
-
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата