МТСП: Градинката „Блета“ во моментов не згрижува деца
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска изврши вонреден инспекциски надзор и увид во објект на ул. 173 бр.8 во Скопје, врз основа на сознанијата за постоење нелегална установа со назив „Блета“, која згрижувала деца од предучилишна возраст и вршела воспитание од верски карактер.
При инспекцискиот надзор, информираат од МТСП, во посочениот објект не биле затекнати деца, ниту пак вработени лица, а надворешниот изглед и уредувањето на дворот, упатуваат дека таму се одвивале активности од воспитувачко-згрижувачки карактер.
- Надзорот е извршен врз основа на одредбите од Законот за заштита на децата, а по добиени информации за обавување на дејност: згрижување и воспитание на деца, во установа која не е заведена во Регистерот на установи за деца при Министерството за труд и социјална политика, односно спротивно на законот, соопшти МТСП.
Министерството за труд и социјална политика испрати официјално известување до Министерството за внатрешни работи во врска со минатонеделниот увид во неколку објекти, кој беше извршен на 21 јули 2017 година, а во текот на денот ќе го достави и записникот од денешниот надзор.
Од МТСП најавуваат дека и понатаму ќе го следат овој случај и ќе постапат доколку се констатира промена на состојбата.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло