Мрзнење има, се советуваат лозарите како да ја обават резидбата

Мрзнење кај виновите лози има, тоа се движи од триесетина, па се до околу сто проценти, зависно од сортите и локациите на кои се наоѓаат лозовите насади. За ова денеска информираше Драганчо Николов, советник во работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.
- Завршија согледувањата на терен. Мрзнењето е најголемо кај понеотпорните сорти на грозје како десертните „кардинал” и „афусали” и винските „вранец” и „смедеревка”, кои се наоѓаат во низините и покрај реките Црна и Луда Мара, појасни Николов.
Тој соопшти дека веќе отпочнале со советувања за лозарите, околу тоа како да ја обавуваат резидбата во услови на мрзнење кај виновите лози.
- Кај подебелите прачки мрзнењето е поголемо. Затоа им препорачуваме на производителите на грозје да внимаваат и да оставаат потенки прачки за ластари. Догодина ќе нема последици од ова мрзнење, освен во лозјата каде измрзнувањето е стопроцентно. Таму ќе треба да се формира ново стебло, додаде Николов.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
