-->
-->
Мртво момче пронајдено во Охрид
-->
Во текот на новогодишната ноќ, машко тело во лежечка положба, рано утрово околу 2:30 часот било забележано на улицата „Цар Самоил“ во самиот центар на Охрид, во близина на угостителскиот објект „Табана“. Веднаш била повикана службата за Итна медицинска помош, при што телото било пренесено во Општата болница во Охрид. Неуспешни биле преземените мерки за реанимација.
Полицијата соопшти дека на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. Се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд