Македонија
23. September 2021 - 16:46

Мртов маж пронајден во стан во Аеродром

Маж пронајден мртов во сопствениот стан во Аеродром.

- На 22.09.2021 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот стан на подрачје на Аеродром бил пронајден починат Н.М.(77) од Скопје, информира МВР.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.