Македонија
21. January 2023 - 16:46

Мртов маж пронајден на автобуската станица во Скопје

Починат гостиварец пронајден на Меѓуградската автобуска станица во Скопје.

- На 20.01.2023 во 07.05 часот било пријавено дека на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, бил пронајден починат Б.А.(66) од Гостивар, информираат од МВР.

Како што е наведено во соопштението од МВР, од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.