МПС положи цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во СВР Битола

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на сите загинати полициски службеници при вршење на службени задачи – 7 Март, денеска делегацијата на Македонскиот полициски синдикат (МПС) предводена од претседателот Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски положија цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во СВР Битола.
МПС ги повика сите релевантни фактори во државата да оддадат почит на полициските службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.
-Како репрезентативен Синдикат во Министерството за внатрешни работи работиме на заштита на правата на нашите членови и сите вработени во Министерството. Во периодот кој што престои ќе се отпочне со изготвување на нов колективен договор во кој ние како синдикат ќе бараме да се зголемат и заштитат правата на нашите членови особено во делот на безбедност и здравје при работа, соопштува МПС.
Синдикатот, како што наведува во соопштение, издвоил значителна сума на средства од самата членарина за да секој од нивните членови биде дополнително осигуран 24 часа за несреќа при работа, а во чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места организираат меморијални турнири.
Македонскиот полициски синдикат изрази и длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
