МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации кон Македонија

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) оценува дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА.
- Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадиктторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки: САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година, чл. 165 точка 6 каде се вели: “Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ. Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ - АСбр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград. Кој има очи - ќе види и кој има уши - ќе слушне!, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на МПЦ-ОА објавено по денешната синодска седница.
САС на МПЦ на седницата разгледал повеќе прашања од црковниот живот, при што посветил посебно внимание на дејноста на воспитно-образовните институции, како и за престојните прослави на црковните јубилеи.
- Ова 2018 лето Господово е јубилејно и нашата Црква ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи - “Света Софија” во Охрид на 28 мај. Исто така, во првата седмица од месец октомври 2018 година, ќе се одржи и Архиепископски црковно-народен собор и ќе се одбележат 60-те години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
