Македонија
12. July 2016 - 19:27

МПЦ денеска го чествува денот на Светите Апостоли Петар и Павле

Православните христијани ги празнуваат основоположниците на Светата црквата,  големите апостоли Св Петар и Павле.

Овој празник е познат и како Петровден а со него завршуваат еден од четирите повеќедневни пости во годината.

Верниците осветуваа погачи, се причестуваа и палеа свеќи за здравје во црквата во Ѓорче Петров која го носи името на апостолите. Со свечената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ гг.Стефан на која  присуствуваше и градоначалникот на општината.

Готвачки од Ѓаконијата во  црквата  подготвија и свечен ручек за гостите кои доаѓаа од цел град. За македонските православни верници празникот е од големо значење бидејќи апостол Павле е првиот кој од Азија  дошол да го прошири евангелието во Македонија. Од тогаш земјава важи за порта преку која влегло  христијанството во Европа.

Апостолот Павле ја крстил и првата македонка Лидија која живеела во градот Тријада кој бил македонска колонија .  Петровден се слави како голем празник во повеќе села и градови. За Галичник овој празник има огромно значење бидејќи тогаш  се враќале печалбарите и се правела големата галичка свадба, традиција која се негува и денес.