Можно заедничко претседавање на Бугарија и Северна Македонија со Берлинскиот процес

Бугарија и Северна Македонија најверојатно ќе имаат заедничко претседателство со Берлинскиот процес идната година, најави министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, пренесува Бугарското национално радио.
Актуелен претседавач со Берлинскиот процес е Полска, а следниот треба да биде определен на Самитот во Познан на почетокот на јули годинава.
Чапутович, наспроти одложувањето на почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ за октомври, сепак, е категоричен дека пред државите има јасна европска перспектива.
– Сметам дека ние треба да ги поддржиме. Многу сум задоволен, што најверојатно претседателството со Берлинскиот процес ќе го преземе Бугарија заедно со Северна Македонија, изјави шефот на полската дипломатија.
Советникот на полскиот претседател Андреј Дуда, Богослав Виниц, сепак, предупредува дека приклучувањето на сите држави од Западен Балкан во ЕУ може да се одложи на многу подолго.
– Ние ги поддржуваме земјите од Западен Балкан, но нема позитивна клима во Европа, која ќе дозволи нивно брзо пристапување. Ќе биде многу тешко да се приклучат барем во следните десет години, изјави Виниц. А
Ново на Сител
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
