Можно одложување на мировните преговори за Сирија

Можно е мировните преговори за Сирија да бидат одложени, а пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, на Советот за безбедност му пренесе дека „за две до три недели не планира нови преговори“.
Де Миструра вчера преку видеоконференциска врска пред Советот за безбедност нагласи дека прво треба да се постигне напредок во примената на прекинот на огнот и испораката на хуманитарна помош, па потоа да продолжат преговорите меѓу владата и вооружената опозиција, пренесе Танјуг.
Дипломатски извори наведуваат дека Де Мистура на СБ на ОН му напоменал дека во земјата генерално има опаѓање на нивото на судири, но дека прекинот на непријателстава од крајот на февруари на бројни места се уште официјално не е воспоставен и постои само на хартија.
Стафан де Мистура вчера на новинарите во Женева им кажа дека многу цивили ризикуваат да умрат од глад во земјата доколку хуманитарната помош брзо не стигне до нив. Посебно тој ги наведе градовите Дараја и Муадамија, во близина на Дамаск, кои се под опсада на владините сили, како и Кефраја и Фуау, кои, пак, под опсада ги држат опозициските сили.
Завојуваните страни досега оддржаа две рунди индиректни мировни преговори во Женева под патронат на ОН. Последната беше во април и беше прекината по повлекувањето на делегацијата на бунтовниците.
Ново на Сител
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
