-->
-->
Можни промени во Кабинетот на Ципрас
-->
- Грчкиот премиер Алексис Ципрас размислува за промени во својот Кабинет, кои би биле извршени по 22 јануари, кога се очекува Еврогрупата и формално да го одобри договорот меѓу Атина и нејзините кредитори од декември за доделување на следната транша од кредитот за Грција.Весникот „Контрањуз“ наведува дека промените ќе бидат „корективни“ додавајќи дека се ќе се реши во следните денови, затоа што моментно „Ципрас е презафатен со други жешки теми“.
Весникот додава дека ако има промени, тие ќе се сведат на разместување на мал број министри
Гласините се дека еден од тие кои ќе бидат сменети е министерот за миграција Јанис Музалас, кој е предмет на остри критики како од своите сопартијци, така и од опозицијата, а неколку пати се закани и дека ќе поднесе оставка.
Многумина сметаат дека министерот за економија Димитрис Пападомитриу успешно се справувал со привлекување на инвестиции, но и покрај тоа се уште целосно не се прилагодил на специфичноста на државната администрација. Ципрас, меѓутоа, не ја крие својата длабока почит кон него. Двајцата ги поврзува и старо пријателство.
Со голем интерес се очекува и судбината на министерката за култура Лидија Кониорду, на министерот за трговска морнарица Панајотис Курумблис, кој беше во центарот на скандалот со загадувањето на заливот кај Атина како последица на потонување на танкер, како и на голем број заменици-министри.
И покрај некои турбуленции, речиси сигурно е дека министерот за финансии Еуклидис Цакалотос нема да биде сменет.
Се уште е нејасно што ќе се случува со Никос Филис, кој исто така е близок до премиерот, а беше разрешен при претходните промени и за кого се тврди дека е можно Ципрас повторно да му понуди место во својот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
-

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти
-

Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината
