Можна е забрана за гиро и ќебапи во ЕУ, Грците во неверица
Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани ќебапи и гиро, а #Free_Giros стана тренд на грчки Твитер.
- Дозволија конзерванси секаде, бомбардираат мали деца, но им пречи гиро...Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално во подруми и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме?, се само некои од коментарите на Грци на Твитер, јави Танјуг.
Ќебапите и гиро во Грција се под контрола на ЕП каде се наоѓаат пратеници на ЕК за фосфати во брзата храна ширум Европа. Сега гирото и ќебапите се под голем ризик да бидат забранети во Грција што ќе биде вистински хорор за Грците и не само за нив, туку и за останатите љубители на таа храна, објавија грчки медиуми.
ЕП покрена забелешки на предлог на ЕК да дозволи користење фосфати вклучително и форсфорна киселина, ди и три фосфати и полифосфати во месото на гирото и ќебапите.
До таа одлука е дојдено по загриженост за време на научен преглед во 2012 година за можна врска меѓу фосфатите кога се користат како адитив за храна и болестите на сцето,но доказите тогаш останале неусогласени.
Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовка на месо во кои се користат за заштита на вкусот и спречуваат користење месо, но постојат и одредени исклучоци.
Гирото и ќебапите во Европа сега ќе мора да сочекаат гласање меѓу 11 и 14 декември во Стразбур за да дознаат дали омилената храна и понатаму ќе може да се служи во сендвичи со иста текстура и вкус како и досега.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа