„Можевме сите да умреме“ - го исекол гасоводот и отрул 4 деца со плин
Шест лица, од кои 4 деца, се отруени со плин кој истекол од гасоводната мрежа во Алексинац.
Прва која забележала дека плинот тече е 59-годишната Словена Ѓорѓевиќ.
-„Најпрво почнав да кашлам, а потоа да се гушам. Исти симптоми имаше и сосетката Радмила и нејзиниот 16-годишен син, како и три деца од соседната куќа. Отидовме до Брза Помош, а оттаму бевме транспортирани во Ниш. Веднаш добив кислород и инфузија, како и инекција. Можевме сите да умреме ни криви ни должни. Најлошо од се е тоа што никој не користи плин, само низ нашата улица поминува мрежата. Пишувавме петиција против тоа, но ништо не е преземено.“ - вели отруената жена.
Работници целосно го запреле протокот на плин на оваа улица. Се работи на испитување на мрежата и плинот нема да биде пуштен се додека во потполност не заврши истрагата.
Ново на Сител
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи