Можеа да го изрешетаат: Американец влезе во Волмарт вооружен до заби да го тестира правото за носење оружје

Обвинителите во американската држава Мисури поднесоа обвинение за терористичка закана против 20-годишно момче, кој вооружен со пушка и пиштол влегол во локалната продавница на Волмарт за да „тестира“ дали таму ќе му биде почитувано уставното право да носи оружје.
Инцидентот кој се случи неколку дена по нападот во Волмарт во Ел Пасо каде беа убиени 22 лица, предизвика паника во продавницата во Спрингфилд.
Вооружениот маж, идентификуван како Дмитриј Андрејченко, се снимал со телефон додека влегувал во продавницата. Го запрел пожарникар кој не бил на должност. За време на инцидентот не е испукан ни куршум.
„Мисури го штити правото луѓето да носат оружје, но не дозволува поединци да се однесуваат на безобзирен и криминален начин да ги загрозуваат граѓаните“, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.
Андрејченко на обвинителите им рекол дека купил оружје и панцир за да се заштити по неодамнешните пукања и дека сакал да види дали Волмарт ќе го почитува вториот амандман, кој на Американците им гарантира право на оружје. Доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата за терористичка закана тој може да биде осуден на четири години затвор и парична казна од 10 илјади долари.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
