-->
-->
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-->

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 11.00 часот било пријавено дека на булеварот „Македонско- Косовска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од А.О. (34) од Скопје, мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици управуван од А.У.(39) од Скопје и патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Б.(43) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош.
Со телесни повреди се здобил А.О. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
