Спорт плус
6. May 2018 - 16:40

Мото ГП: Продолжува доминацијата на Маркез

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез победи на шпанското Гран При во Херез  со што ја забележа втората победа оваа сезона и направи огромна предност во генералниот пласман во кралската класа.

Голема битка се водеше за второто место во кое Довициозо го нападна клупскиот колега Лоренцо, но тука се вмеша Педроса кој се обиде да мине од внатрешната страна со што дојде до контакт помеѓу моторите и сите тројца завршија надвор од патеката.

Ова го искористија останатите возачи пред се Жоан Зарко од Јамаха и Андреа Јаноне со Сузуки кои го освоија второто и третото место.