Спорт плус
20. August 2022 - 18:22

Мото Џи Пи: Прва пол позиција за Бастијанини

Мотоциклистот на Гресини Рејсинг, Енеа Бастианини ќе стартува од првата позиција на неделната трка за Големата награда на Австрија. Италијанецот на „Ред Бул Ринг“ ја освои првата пол-позиција во Мото ГП шампионатот.
 
Бастианини го извозе најбрзиот круг за 1:28.772, што е најбрзо време во историјата на „Ред Бул Ринг“ во оваа класа.
 
Зад него завршија возачите на фабричкиот тим на Дукати, Франческо Пеко Бањаја и Џек Милер, а потоа следуваат Хорхе Мартин, Фабио Квартаро, Жоан Зарко, Маверик Вињалес, Жоан Мир, Алеш Еспаргаро и Фабио Диџаантонио, кои ја комплетираат Топ 10.
 
Во генералниот пласман прв е актуелниот шампион Фабио Квартаро со 180 бодови, втор е Алес Еспаргаро со 159, а трет Франческо Бања со 131.
 
Трката се вози во недела од 14:00 часот.