МОСТ: Отворени се сите гласачки места, освен едно во Студеничани (КРГ)
Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Лицето кое имало клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбивало да ја отклучи. Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот, соопштија од Граѓанската асоцијација МОСТ.
МОСТ го следи денешното гласање за избор на претседател на државата, како и на неколку места за избор на градоначалник, со со повеќе од 1.500 набљудувачи.
– Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија, соопштија од МОСТ.
Ново на Сител
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
-
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот
-
Се преврте автомобил на скопска обиколница | ФОТО
-
Лишен од слобода разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници
-
Таравари: Може да разговараме со Села и Ахмети за прашањата поврзани со Албанците
-
Судар на возови во Прага, повредени десетина лица
-
Таравари: Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, евентуалните жалби на изборот на изведувач не се добронамерни