Москва веќе ја смета украинската област Херсон за дел од Русија
Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин синоќа ја посети областа Херсон во јужниот дел на Украина, притоа изјавувајќи дека таа ќе заземе вредно место во руското семејство.
Регионот околу пристанишниот град ќе заземе „вредно место во нашето руско семејство“, рече Хуснулин.
Од 1 мај во тој украински регион Русија ја воведе руската рубља како официјална валута, а пред неколку дена локалната власт инсталирана од Русија ги објави плановите да побара од Москва право да стане дел од Руската Федерација.
Регионалниот проруски вицепремиер Кирил Стремусов рече дека нема да има референдум и нема опција регионот да стане република. Неодржувањето на референдумот го оправда со тоа што изјаснувањето на населението од полуостровот Крим одржано во 2014 година, не е меѓународно признаено.
Од друга страна, украинската Влада е убедена дека русификацијата на регионот Херсон нема да успее.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата