-->
-->
„Москва те напушти“: Исламисти му ја отсекоа главата на руски разузнавач и објавија видео
-->

Организацијата „Исламска држава“ денеска објави видео од егзекуција на човек за кој се тврди дека е руски разузнавачки офицер, објави сајтот за следење на терористички активности СИТЕ, со седиште во САД.
Руското Министерство за одбрана и Федералната служба за безбедност (ФСБ) не се достапни за коментар, објави Ројтерс.
На снимката, на руски јазик, објавено на денот кога Русија со традиционална парада го одбележува Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година, прикажан е маж облечен во црно во пустина и ги повикува другите руски агенти да се предадат. Снимката трае 12 минути.
Видео снимката е со исклучително вознемирувачка содржина, може да ја погледнете на овој ЛИНК.
ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ЗА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
