-->
-->
Москва се нуди за посредник меѓу Грција и Турција
-->

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при денешната посета на Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите со Турција околу истражување на гас и нафта во источниот дел на Средоземното Море.
– Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на меѓусебни интереси и во потрага по одлуки кои ќе бидат правични и засновани на меѓународното право, рече Лавров на средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.
– Русија ги смета за неприфатливи сите чекори што можат да доведат до натамошна ескалација на напнатоста на истокот на Медитеранот, додаде Лавров на прес-конференцијата во Никозија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
