Москва: На телата на загинатите не се пронајдени појаси за спасување
Руското Министерство за одбрана ги демантираше денеска наодите дека на одредени тела на загинатите од патничкиот авион „Ту-154“ кој се урна во Црното Море, се пронајдени појаси за спасување.
- Гласините кои доаѓаат од анонимни извори за тоа дека патниците од авионот наводно имале на себе појаси за спасување се срамни инсинуации кои немаат врска со реалноста, соопшти руското Министерство, јави ТАСС.
Во меѓувреме, руските нуркачи соопштија дека ги пронашле првите остатоци од авионот кој се урна вчера.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшто претходно дека истрагата за причината на падот на патничкиот авион „Ту-154“ оди во четири правци, но дека нема докази дека терорстички напад или саботажа би можеле да бидат едни од причините.
- Четирите главни верзии се дека авионот погодил некој објект, неквалитетно гориво кое предизвикало губење на притисокот и на крајот прекин на работата на моторот, грешка на пилотот и технички проблем, наведе ФСБ.
Руски воен авион се урна вчера наутро во Црното Море, во близина на Сочи, а никој од 92 патници не преживеа.
Ново на Сител
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство