Москва е подготвена за користење нуклеарно оружје по секој ракетен напад врз руска територија
Русија може да користи нуклеарно оружје во секој ракетен напад, без оглед на боевата глава на ракетата. Ова стана јасно од публикацијата во изданието на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.
Во написот за политиката на Москва за „нуклеарно одвраќање“, генералштабот на руската армија ги објави за првпат условите под кои Кремљ би можел да користи нуклеарно оружје.
Системот за предупредување за ракетен напад го регистрира реалното лансирање на балистичка ракета, но не може да утврди дали има нуклеарна боева глава. Наведено е дека руската војска има намера да ја третира секој ракета истрелана против руската територија како нуклеарен напад и, соодветно на тоа, како ситуација во која Москва може да користи нуклеарно оружје.
На почетокот на јуни, рускиот претседател Владимир Путин го одобри документот под наслов „Основи на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“. Тој ги истакнува факторите врз основа на кои Кремљ може да одлучи да користи нуклеарно оружје.
Како одговор, НАТО подготви пакет мерки против зголемениот нуклеарен арсенал на Русија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп