Мосад ги предупреди САД дека Иран планира напади
Израелската разузнавачка агенција Мосад ги предупреди САД за можен план на Иран за напад врз американски сили и интереси во Заливот, пред Вашингтон да соопшти дека ќе испрати носач на авиони и бомбардери на Блискиот Исток.
Неколку нуклеарно способни Б-52 тргнуваат во регионот заедно со оперативната група на носачот на авиони, која го следи она што Министерството за одбрана го нарече „јасни индикации дека иранските сили се подготвуваат за можни напади против американските сили”.
-Распоредувањето на носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и бомбашките групи се смета за претпазлив чекор во одговор на индикациите за зголемување на иранската подготвеност за извршување на офанзивни операции против американските сили и нашите интереси, изјави портпаролот на Пентагон Чарлс Самерс.
Тој додаде дека тие не бараат војна со иранскиот режим, туку го бранат американскиот персонал, сојузниците и американски интереси во регионот.
Израелски медиуми цитираа официјални претставници на земјата, според кои, советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон, е предупреден за можноста од ирански заговор и тоа на средбата со израелскиот советник за национална безбедност Меир Бен Шабат во Вашингтон пред две недели.
Тој официјален претставник изјави дека Мосад претставил неколку сценарија на иранскиот напад.
– Се уште не ни е јасно што Иранците се обидуваат да направат и како планираат тоа да го сторат, но јасно е дека иранската температурата расте како резултат на зголемената кампања на притисок од САД против нив и тие разгледуваат одмазда против американските сили и интереси во Заливот, изјави неименуван официјален претставник.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово