Морските ѕвезди јадат корали во источното австралиско приморје
На Големиот Корален Гребен крај источниот брег на Австралија рапидно расте бројот на бодликави морски ѕвезди кои се хранат со корали, сметаат научниците, по што Владата најави акција за нивно истребување.
Морските ѕвезди грабливки се хранат со коралите така што се шират преку нив и потоа лачат посебни ензими за нивно разградување.
- Секоја морска ѕвезда ноќе јаде количество голема колку своето тело, и тоа со тек на време значително се зголемува. Многу од коралите ќе исчезнат, истакнува научникот од австралискиот Институт за поморска наука, Хју Свитман.
Тоа би било голем удар и врз екосистемот и за австралискиот туризам.
Големиот Гребен, долг 2.000 километри, е всушност најголемиот корален гребен на светот и се наоѓа во Коралното Море, близу брегот на австралиската сојузна држава Квинсленд.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија