Монстумот сослушан: Не ја мачев ниту жигосав мојата Марија!
Човекот - ѕвер Ахмет Маринковиќ (40) кој е осомничен за семејно насилство и изживување врз невенчаната сопруга марија Феризовиќ (21) од Калуѓерица, на сослушувањето кај обвинител негирал дека жената ја сечел со жилети, ја горел со усвителни шајки и гасел цигари врз неа.
Сепак судијата за претходна постапка, нему му одреди притвор до 30 дена и се товари за семејно насилство, за што е предвидена казна и до 10 години робија.
Насилникот вчера бил одведен на сослушување кај обвинител, каде тој мирно сослушал што му се става на товар, а потоа само кратко рекол дека не е точно.
Маркинковиќ без ронка каење, ладнокрво се држел до својот став.
-Тој ниту ви еден момент не покажа знаци на каење, напротив, бил горд и самоуверен, но дел од доказите кои се собрани како и исказот на Марија, многу говорат за неговите дела, вели полициски извор.
Да потсетиме, Марија Феризовиќ во вторникот е ослободена, по тридневно мачење на кое присуствувале и нивните три малолетни деца. Несреќната жена раскажа дека невенчаниот сопруг Ахмет Маринковиќ ја сечел со жилет по телото, задникот и грбот, и ја избричил косата и на крајот ја жигосал со усвително железо на челото.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“