-->
-->
Монструмот од Србија извршил две убиства а на полиграф и поминал без проблем
-->

Монструмот Владица Рајковиќ од зајечарското село Вратарница пред истражните органи призна дека освен малата Ангелина Стефановиќ, ја убил и 47 годишната Драгана Станковиќ.
Рајковиќ ја уби Драгана Стефановиќ уште на 18 јуни, а кога почнала истрагата за нејзиното исчезнување, полицијата на испитување повикала повеќе од 20 луѓе, но за никој нив немале сомнеж дека е поврзан со исчезнувањето. Рајковиќ на 24 јуни бил на полиграф и поминал без проблем
Од извори блиски до истрагата дознаваме дека ваква личност ретко се сретнува. Рајковиќ не покажува ниту тронка каење за она што го направил, потполно ладнокрвно збори за овие две убиства како да не разбира што направил, пишува Новости.
Како што раскажал пред истражните органи, тој кобниот ден, во тек на караница почнал да ја дави Драгана во нејзината куќа, а кога почнала да се гуши, земал чекан и го удрил во главата на несреќната жена, со што и нанел смртоносни повреди. Потоа го замотал телото во јорган, го ставил количка за ѓубре и така поминал низ целото село. По што ја фрлил во реката Тимок.
Наредниот ден дошол да го види телото и видел како плива во водата. Влегол во реката и трган да го влече телото околу пола километар. Стигал до железничкиот мост и тука го бутнал телото длабоко под некое дрво, како не би можело да исплива, а потоа се вратил дома.
Прашање е дали овој случај би разрешил ако после стравичното убиство на малата Ангелина, неговото семејство не изразило сомнеж дека е поврзан и со исчезнувањето на Драгана Станковиќ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
