Монструм: Поранешен легионер силувал девојче болно од рак

Поранеше професионален војник во Легијата на странците Р.В. (53) од Јагодина, е осомничен дека ја силувал малолетната И.С. (16) болна од карцином, на која лекарите и давале само еден отсто шанса да преживее. Легионерот во полиција го признал злосторствотом но не ја кажал и причината зошто го направил ова злодело.
Мајката на несреќното девојче го добила гинеколошкиот наод, кој ги потврдил нејзините сомнежи дека И.С. е жртва на сексуално злоставување и дека Радован В. врз неа се изживувал повеќе од еден час.
-Р.В. не е човек, тој е монструм! Мојата ќерка кај него отиде да и го прегледа лаптопот, а тој ја силуваше. Знаеше дека детето е болни, и има пречки во развојот и јас му верував како на сосед и пријател. Тој мојот син го учеше на автомеханичарски занает. Му верував како на човек. Кога дознав што се сличило, отидов кај него и тој ми призна дека ја силувал. Не знаеше зошто го направи тоа и само плачеше, раскажува шокираната мајка.
Таа додава дека цел живот се борела за животот на ќерката и вели дека нејзиното девојче повеќе време поминало во Детската болница, отколку дома. Лекарите на несреќното девојче му оперирале малиген тумор кој се наоѓал меѓу ребрата и бил тежок килограм ипол.
-Живееме сиромашно, но јас се трудев на моето дете да му пружам се што ќе го направи среќно. Заедно се бориме да ја пребродиме нејзината болест, но и пречките во развој. Сега кога разговарам со неа, ми се заканува дека поради ова ќе се убие зошто не може да ги заборави деталите од силувањето. Со неа разговараа и лекарите и психолозите, но таа не излегува на крај со кризата. Нема волја за живот, едвај ја завршува реченицата несреќната мајка.
Р.В. е уапсен минатата недела под сомнение дека на 13. јануари ја силувал соседката И.С. болна од рак и заостаната во развојот.
Девојчето ја одби хемотерапијата и не сака повеќе да се лечи.
Шеснаесетгодшното девојче минатата недела требало да оди на 15. хемотерапија по ред, но одбила зошто поради силувањето смета дека нема сила повеќе да се бори.
-Ми рече дека се ја боли и не може повторно да оди на лекар. Неа во декември 2014 година и е дијагностициран агресивен Јувинг-аскин сарко. Ракот и „изеде“ две ребра и редовно одеше во болницата ов Белград на хемотерапија, поради која ја загуби и косата, вели мајката.
Ново на Сител
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
-

Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени
-

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи,...
-

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
-

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
