Монструм: Градоначалник силува девојчиња па им купува велосипед
Хозе Круз ги тероризира девојчињата во градот цели 4 децении, но никој не може да му застане на патот. Дури и родителите знаат што прави, но никој не смее да писне, поради страв од одмазда од градоначалникот.
Како што пренесуваат светските медиуми, во секој телефонска говорница во градот мемориран е мобилниот на градоначалникот, за да можат девојчињата кои немаат пари да го повикаат и да побараат помош.
Круз потоа би се состанал со нив, ги силувал и кога посрамотени ќе тргнат дома им подарувал велосипед.
Меѓутоа и покрај неколкуте полициски истраги, па дури и фотографии на кои е Круз гол во присуство на малолетнички, политичарот останал на слобода, но и на власт.
Во текот на истрагата е откриено дека и сиромашните мајки ги носат своите малолетни деца во прегратката на Круз во замена за пари. Сепак едно на девојче кое било жртва, на крајот одбило да сведочи, зошто преку ноќ нејзиното семејство добило куќа и имот.
Исто така еден од клучните сведоци во истрагата е пронајден мртво, додека останатите веројатно се откажале зошто примиле мито. Медиумите наведуваат дека Круз имал пракса на цел град да им ја исклучи струјата доколку некоја телевизиска станица зборувала за неговиот „случај“.
Мешутоа, сега може да дојде крај на владеењето на Круз. Имено, полицијата на едно девојче и дало статус на заштитен сведок и ја скрила на сигурно до почетокот на ново судење. Девојчето се наоѓа во прифатилиште на непозната локација, а нејзината мајка, која ја подведувала завршила во затвор.
-Неретко во куќата имаше по неколку девојчиња, а ниту една немаше повеќе од 13 години. Градоначалникот ќе ни дадеше слатки, а потоа не носеше една по една во спалната соба. Хоророт продолжуваше, рекло девојчето во полиција.
Тоа истакнува дека Круз често и ги дрогирал за да не му прижаат отпор, како и дека користел вијагра, но никогаш кондо,
Лекарите кои го прегледале девојчето велат дека нејзиното тело е изобличено од злоставување, и дека психичките трауми се неописливи.
Сите кои се вклучени во истрагата се надеваат дека Круз конечно ќе биде уапсен и симнат од власт.
Ново на Сител
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари