Монографија за новата велешка црква „Свети Кирил и Методиј“
Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св.Ѓорѓи Полошки“ во пресрет на осветувањето на новата градска црква „Св Кирил и Методиј“ во Велес, кое е закажанио в недела на 10 септември, деновиве ја подготви и издаде од печат монографијата Црква „Св.Кирил и Методиј“ Велес.
Монографијата, која е двојазична, македонско-англиска, ја подготви протаѓаконот Влатко Стоименов. Англиската верзија ја приспособи Никола Цилаков од издавачката куќа „Св Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската eпархија, а главен уредник е митрополитот повардарски господин Агатангел.
Освен што ја подготви англиската верзија, Никола Цилаков се погрижи и за фотографиите, дизајнот и компјутерската обработка. Плус фотографии од дрон на студиото „Пента“ од Велес.
- Во монографијата има појаснување на архитектонското решение, фрескоживописот, иконостасот, камбанаријата, крстилницата и другите објекти, појасни Цилаков.
Тој вели дека издаваштвото на ваков тип на книга - монографија за црква, била дамнешна желба на митрополитот повардарски Агатангел.
- Повардарската епархија, вакви книги монографии за цркви во Велес, ќе издаде и за новата црква во градба „Св Јован Крстител“ кај Багремче во населбата Тунел во Велес, за црквата „Св.Козма и Дамјан“ сместена во кругот на велешката болница, параклисите „Св.Наум Охридски“ и „Св Гаврил Велички“ сместени во црквата „Св. Богородица“ во Велес и за останатите цркви, најави Цилаков.
Тој појаснува дека овие книги ќе имаат за цел, секој православен верник да го упатат на содржината на некој Божји храм.
- Сето тоа со цел и мисија на нашата Македонска православна црква за да може подобро да го разберат значењето на Христовата вера, појасни Цилаков.
Инаку, црквата „Св Кирил и Методиј“ во Велес, која е посветена на македонските и сесловенски светители започна со градба во почетокот на јуни 2006 година, а беше прва црква што во Велес започна да се гради по пауза од 150 години.
Црквата е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид, а според изгледот е изградена по примерот на црквата „Св. Богородица во селото Калишта - Струшко. Црквата според архитектонскиот израз, како што појаснуваат архитектите, претставува еден од највеличествените сакрални објекти.
Црквата во Велес е со византиски стил, еднокорабна со кршен камен и камбанарија, која е надвор од објектот. Камбанаријата е со 13 ѕвона од кои пет големи и осум мали излиени во ливницата „Грасмаер“ во Виена, Австрија. Како што појаснуваат од седиштето на Епархијата Повардарска во Велес, ѕвонењето не е рачно туку електронски. Интересно е што ѕвоната можат да ја свират македонската и химната на Велес.
Во приземјето на црквата има и крстилница која ќе служи за крштевки. Црквата „Св Кирил и Методиј“ ќе биде интересна за младите и за венчавки, а кои досега воглавно се изведуваат во црквата „Св. Богородица“ која е во левиот дел од градот. Нејзиното осветување е закажано со богата црковна програма во недела претпладне,а програмата ќе започне во сабота вечер со вечерна Богослужба.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице