Монографија за акварелите на академик Васко Ташковски
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде промовирана монографија за акварелите на академик Васко Ташковски, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“.
Промоцијата ќе биде збогатена со изложба на акварели од познатиот автор, а за неговото дело ќе говорат Раде Силјан и Паскал Гилевски.
- Во изминатите пет децении творечка дејност, академик Васко Ташковски одбележа значајна етапа во современите текови на македонското сликарство. На неговите платна земните и мистичните појави ја имаат моќта на една пресликана реалност, таинствена и магиска. Во богатото творештво на авторот вљубениците во уметноста препознаваат волшебник на таинственото, фантастичното, мистичното, невозможното, пишува писателот Раде Силјан во препораката за изданието.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд