Монографија од истражувањата на локалитетот Градиште во Таор

Музејот на Град Скопје денеска напладне ќе ја промовира монографијата „Таор – рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“ од Киро Ристов.
Монографскиот труд е резултат на повеќегодишни археолошки истражувања на Музеј на Град Скопје, почнати во 2000 година на локалитетот Градиште во село Таор во скопската општина Зелениково.
-Со мали прекини, истражувањата се одвиваа до 2017 година под раководство на авторот м-р Киро Ристов. Од 2008 година локалитетот се вброи во капиталните археолошки проекти иницирани од Владата на Република Македонија во координација на Управата за заштита на културното наследство, финансирани од Министерството за култура, соопшти Музејот на Град Скопје.
На повеќе од 350 страници, монографијата опфаќа содржини од истражувањата од различни периоди: праисториски (рано бронзено време од 2200 – 1800 год. п.н.е), хеленистички, раноримски, рановизантиски, средновековен период и доцносредновековна некропола од XV до XVII век.
Во книгата посебно се обработуваат наоди на 546 откриени монети, преку каталог во кој е обработена секоја монета, како и каталог на 407 наоди откриени со истражувањата.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
