МОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај кој било трговец

Со износот од 2.400 денари којшто Министерството за образование и наука од октомври ќе им го уплаќа на студентите за субвенциониран оброк, ќе може да се плаќа кај кој било трговец. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови.
– Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки наесен. Сега мерките се релаксирани и угостителските објекти работат, но не знаме што ќе се случува во наредните месеци кога можеби ќе имаме нови рестриктивни мерки, а токму тогаш студентите ќе ги добиваат средствата. Затоа со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и оброците да се обезбедуваат и од продавници, соопшти Министерство за образование и наука.
Првично усвоеното законско решение предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти. Но, со предлог-закон е направена измена – средствата да се користат и во продавници, а препораката е да бидат наменети за набавка на храна.
– Според пресметките, финасиска поддршка се предвидува за околу 40 000 студенти кои ќе го користат ова право, за што на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра, наведува МОН.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
