МОН: Првиот дигитален учебник ќе ја поттикне љубовта кон природни науки кај четвртоодделенците
Креирањето на материјалот за учење за четврто одделение по предметот природни науки, претставуваше предизвик од една страна и голема одговорност од друга страна, бидејќи концептот за негова изработка е доста поинаков од досегашниот. Ова го вели авторката Биљана Стојановска која заедно со наставничките Билјана Лазареска и Нела Слезенкова-Никовска, работеа на подготовка на првиот дигитален материјал за учење по природни наука кој ќе се користи во наставата за 4 одделение од почетокот на учебната година. Со ова практично започнува имплементацијата на новата Концепција која во следните 5-6 години треба целосно да се спроведе во деветолетката.
“При подготовка на материјалите бевме водени од целта за развивање на критичко размислување, креативност и проактивност кај учениците. Токму затоа тој изобилува со забавни содржини, експерименти, истражувања и интересни илустрации.
Преку користење на овој учебник учениците ќе ги развијат своите вештини за креативно изразување, критичко размислување, комуникација и соработка, што се, всушност дел од Националните стандарди”, вели Стојановска.
Авторката истакна дека целата на новата Концепција е висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование.
“Успеавме да создадеме квалитетен учебник збогатен со дигитални содржини во форма на интерактивни слики, видеа, квизови, игри и анимации. Преку нив учениците поразбирливо и позабавно ќе ги надополнат своите сознанија за природата и светот околу себе, природните богатства и нивното значење и зачувување”, вели Стојановска.
Дигиталните материјали за учење се уште една алатка повеќе со помош на која учениците успешно ќе го совладуваат материјалот. За вклученост на сите ученици во квалитетно и современо образование МОН набави 10.000 таблети, од кои 3.000 се веќе дистрибуирани до училиштата, а се наменети за ученици од четврто одделение кои се од социјално ранливи семејства.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство