МОН не знае кои училишта добиле дозвола за настава со физичко присуство
Министерството за образование не ги знае училиштата кои вчера од Владата добија дозвола за настава со физичко присуство.
Сител се обидува да добие информација кои училишта во Скопје добија дозвола за настава со физичко присуство, но прес-службата на Образование не ги знае точните имиња.
Оттаму велат дека Владата е таа која што ги известува општините, па доколку сакаме да ги дознаеме училиштата ќе мора да се јавиме во секоја општина посебно.
Нејасно е зошто МОН не може да обезбеди информација кои школи на 1 октомври ќе ги отворат вратите за учениците.
Владата на вчерашната седница го усови Извештајот на Комисијата за разгледување на поднесените барања на училиштата за организирање настава со физичко присуство.
Комисијата предлага согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. А не исполнуваат услови 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.
Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата