МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк. Може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок.
Оваа можност ќе биде достапна секој месец од 20-ти до 30-ти односно до 31-ви во месецот.
– Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, информира МОН.
Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци.
-Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, наведува Министерството.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го имаат остварено 18 105 студенти на кои, посочува МОН, редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
Ново на Сител
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
