Моментот кога пешачкиот мост се урнал во Мајами: Изграден е пред пет дена за шест часа, чинел 14,2 милиони долари

Најмалку шест лица загинале при рушењето на 950 тони тешкиот пешачки мост во Мајами, кој паднал на една од најфреквентните сообраќајници во таа сојузна држава на југот на САД, а властите на Флорида работат на идентификација на жртвите.
Мостот, инаку, бил изграден минатата сабота за само шест часа со релативно нова, но популарна метода, пренесува "NBC News".
Методата се нарекува "забрзана конструкција на мост", а настанала на Меѓународниот универзитет на Флорида, на почетокот на 2010. година.
"Reuters" пренесува дека кучињата трагачи се пратени во рушевините на мостот, меѓу огромните парчиња бетон и метал, да забележат знаци на живот ако уште ги има.

Се наведува дека барем осум возила останале под урнатините и дека најмалку 10 лица се префрлени во болница.
Според зборовите на очевидците, возилата сопреле пред семафорот вчера во раните попладневни часови, кога мостот над нив почнал да се руши.

"Се пробиваме низ урнатините обидувајќи се да бушиме дупки за да можеме нешто да пронајдеме", рекол шефот на Пожарната служба на округот Мајами - Дејд Пол Истопијан.
"AP" пренесува дека локалните и федералните власти започнале истрага за причините кои довеле до попуштање на конструкцијата на мостот поставен пред пет дена.

Се наведува дека вредноста на мостот е 14,2 милиони долари. Тој ја поврзува населбата Свитвотер со кампусот на Меѓународниот универзитет во Мајами, а официјално требало да биде отворен наредната година.

Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
