-->
-->
Момчето кое го фати крстот во Кавадарци собра над 80.000 денари за операција на 15-годишната Драгана
-->
Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаја да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото.Дарко и навивачката група вчера утрината поставија пункт на градскиот плоштад во Кавадарци, каде сите верници можеа да го целиваат и даруваат крстот. Тие најавија дека средствата што ќе се соберат се наменети за Драгана, на која и е потребна итна операција во странство.
Од навивачката група синоќа известија дека акцијата продолжува.
„Ви благодариме на сите кои денес се вклучивте во хуманитарната акција за помош на Драгана Малкиќ. Собрани се повеќе од 81 000 денари кои Дарко Недев и членовите на навивачката група Лозари им ги предадоа на семејството Малкиќ.

Сепак, нашата акција не застанува. На семејството им се потребни уште 5000 евра за итната операција. Затоа, сите кои сте во можност донирајте на следната жиро сметка 280109104095596“, соопштија навивачите.
На петнаесет годишната Драгана Малкиќ итно ѝ е потребна операција на окото. Драгана е единственото девојче во Македонија со оваа болест и до сега ѝ се извршени три операции, а треба да следуваат уште три. Потребни се вкупно 10.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
